Search

Биља четири месеци „во аут“

Од таборот на Милан потврдија дека нивниот фудбалер Лукас Биља, поради повреда ќе паузира од фудбалските терени четири месеци.

Биља се повредил минатата седмица на тренинг, а дополнителните прегледи покажале дека не станува збор за наивна повреда.

Поради повредата на мускулот, Биља ќе мора да отпатува во Финска каде што ќе биде опериран. Се предвидува опоравувањето да трае околу четири месеци.

32-годишниот фудбалер, во својата кариера, покрај во дресот на Милан, настапуваше и во Лацио, Андерлехт, Индепендиенте и Аргентинас Јуниорс. Биља е член на аргентинската репрезентација од 2010-та година и досега има забележано 58 настапи.

Треба да знаете
Последни објави