Search

Бијонсе продолжува да ја промовира новата зимска колекција „Ајви парк“

Таа веќе со денови објавува фотографии од новата колекција „Ајви-парк икс Адидас“, соработка со германскиот гигант за спортска облека која го носи нејзиниот потпис.

И во вторникот, Бијонсе сподели неколку фотографии на својот инстаграм-профил, каде што ја промовира новата линија со зимска тематика, насловена „Ајси парк“.

Најновата понуда ја покажува како позира во кафеаво латекс боди, кое многупати е забележано во нејзините објави на социјалните мрежи.

На една фотографија од новата фотосесија, таа лежи на бел кревет облечена во боди и бели спортски патики од колекцијата, а на друга позира во истото боди со чизми над колената и со високи потпетици.

Треба да знаете
Последни објави