Search

Бијонсе и Џеј Зи ќе бидат првите гости во луксузниот дом на Ѓоковиќ на Павловачко езеро

Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи доаѓаат во Србија, како гости кај Новак Ѓоковиќ, ексклузивно дознава Курир.

Поп  ѕвездата и нејзиниот сопруг, кои со години се пријатели со славниот тенисер, пристигнуваат во домот на Ѓоковиќ на Павловачко езеро на крајот на октомври. Спортистот и неговата сопруга наскоро ќе завршат со уредување на семејната оаза помеѓу Рума и Врдник, а брачна двојка од Америка ќе биде меѓу првите гости.

Освен што се пријатели, Новак и еден од најбогатите музичари ги здружија силите и направија заеднички проект. Тие инвестираа во фитнес технологија, односно програмата CLMBR. Станува збор за уред кој симулира вертикално качување, а Новак и Џеј Зи го препознаа потенцијалот за проширување на своите деловни империи.

Сега, кога тие се и деловни партнери, Новак имаше желба на музичарот да им ги покаже убавините на Србија, бидејќи кога пред четири години престојуваше со сопругата Бијонсе во Белград, каде што ја започна нејзината концертна турнеја, немале можност да се запознаат со културата и традицијата на нашиот сосед.

Треба да знаете
Последни објави