Search

БиХ: 718 новозаразени и 20 починати од Ковид-19

Во Босна и Херцеговина денеска се забележани 714 нови случаи со корона вирус, што е највисок број од почетокот на епидемијата. Починаа дури 20 пациенти, а тестирани биле 2.671. Денешниот број на новозаразени е рекорден од почетокот на епидемијата.

Во Заводот за јавно здравје на Федерацијата пријавени се 1.754 примероци, од кои 473 се позитивни. Досега се тестирани 184.117 примероци, а корона вирусот е потврден кај 22.967 лица. До денеска оздравеа 17.759 пациенти, а активни се 4.555.

Во Федерацијата во полседното деноноќие од Ковид-19 починаа 16 пациенти, со што вкупниот број порасна на 653.

Во Република Српска има 245 новозаразени, а починале четворица.

Тестирани биле 817. Во болница се 297 пациенти.

Досега во РС потврдени се 12.057 случаи на вирусот корона, а починаа 343 пациенти. Оздравеа 7.510, а тестирани се вкупно 94.270

Треба да знаете
Последни објави