Search

БиХ со најголем извоз на оружје во Саудиска Арабија

БиХ извезе оружје во вредност од околу 161 милиони конвертибилни марки во првите десет месеци од оваа година, додека увозот на оружје беше околу 13 пати помал и изнесуваше околу 12 милиони конвертибилни марки. Тоа го нагласи Управата за индиректно оданочување на БиХ (УИО) .

Најголем дел од оружјето беше извезено во Саудиска Арабија, што претставува повеќе од 32 отсто од вкупниот извоз, или околу 52.741.000 КМ, додека втора на списокот на земји е Египет, каде е извезено оружје во вредност од околу 43 милиони КМ.

Мароко е на трета држава на списокот каде извозот на оружје бил околу осум милиони КМ додека во Авганистан извозот е во вредност од 7,8 милиони КМ, соопшти УИО. Кога станува збор за увозот, БиХ увезува најмногу оружја од Италија во вредност од 3 милиони КМ, како и од Германија, околу 1,3 милиони КМ. Вредноста на оружјето увезено од Словенија во БиХ е околу 1.315.000 КМ, додека оние увезени од Чешка вредат 1.127.000. Оружјето увезено од Србија е во вредност од околу 965.000 марки.

Треба да знаете
Последни објави