Search

БиХ регистрира 235 инфицирани лица од коронавирусот

Во Босна и Херцеговина инфицираноста од коронавирусот во изминатите 24 часа е потврдена кај 235 лица. Шест пациенти починале соопштија ентитетските здравствени власти.

По тестирањето на малку повеќе од две илјади примероци 154 новозаразени има во Федерацијата БиХ, додека во Република Српска коронавирусот е потврден кај 81 лице.

Од почетокот на епидемијата во целта БиХ, заразени се 26.081 лица, од кои починале 790 пациенти, а активни се над 7.200 случаи.

Починатите се од различни делови на земјата, а поединечно најголем е бројот на новозаразените во Бања Лука, каде од средата се потврдени 28 смртни исходи.

За разлика Бања Лука, заразата на подрачјето на Сараево постепено се смирува, па во последните 24 часа таму има само осум нови случаи. Тоа е најмалата бројка на новозаразените од повторното разгорување на епидемијата на почетокот од јули.

Треба да знаете
Последни објави