Search

БиХ: Протести во Сараево поради незадоволство од состојбата во државата (видео)

Најмалку 2.000 демонстранти се собраа во централниот дел на Сараево за да искажат незадоволството од ситуацијата во Босна и Херцеговина. Тие се упатија во протестна прошетка кон зградата на Парламентот на БиХ.

Според локални медиуми, граѓаните протестираат незадоволни од работата на сегашната власт, одложувањето на локалните избори и корупцијата.

Протестниот марш го организираше Платформата за напредок, чиј претседател е Мирсад Хаџикадиќ, а на кои им се придружија и претседателите на Народ и правда, СДП, Наша партија и Независната листа на Босна и Херцеговина.

Тие ги повикаа граѓаните на Мостар, Тузла, Бања Лука и сите други градови во БиХ да се приклучат на протестите во нивните средини.

Еден од коорганизаторите на протестот, претседателот на Независната листа на Босна и Херцеговина, Сенад Шепиќ, нагласи дека ситуацијата во државата е толку лоша што единствената работа што им остана на граѓаните е да бараат правда на улиците со цел да променат нешто.

„Вака сме присилени да бараме измени во изборниот закон со цел спроведување избори што нема да бидат украдени и после тоа да започнеме со промена на ситуацијата во земјата”, рече Шепиќ. 

Треба да знаете
Последни објави