Search

БиХ и Пакистан потпишаа договор за реадмисија, насочен кон спречување на илегална миграција

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска го прифати предлог договорот за реадмисија меѓу БиХ и Пакистан, што треба да го олесни решавањето на проблемот со илегалната миграција.

Со склучување на овој договор, БиХ и Пакистан ќе ја потврдат својата подготвеност да се приклучат на меѓународната акција за спречување на илегална миграција, бидејќи ќе го регулираат прашањето за прием на нивни граѓани, државјани на трети земји и лица без државјанство кои живеат илегално на нивна територија.

Откако деталите за договорот беа договорени на експертско меѓувладино ниво, Советот на министри на БиХ ги прифати на седницата одржана во текот на денот и ги испрати на Претседателството на БиХ за одобрување.

Советот на министри на БиХ потсетува дека ова е исклучително важен договор бидејќи во изминатите три години земјата стана важна рута за илегална миграција, што придонесе за ширење на трговија со луѓе, дрога, украдени возила и други форми на организиран криминал.

Во БиХ од почетокот на годинава влегле околу 14.000 илегални мигранти чија цел е Хрватска, преку која се обидуваат да стигнат до другите земји на Европската унија. Безбедносните служби на БиХ собраа податоци што укажуваат на тоа дека голем број од нив се од земји како Пакистан.

Меѓу илегалните мигранти, 27 проценти биле Авганистанци, 23 проценти биле Пакистанци и околу 19 проценти биле државјани на Бангладеш, додека 10 проценти биле Мароканци.

Треба да знаете
Последни објави