Search

Битолчанка со „ибица“ излетала од патот кај Ресен, пренесена во болница

На 05.04.2020 во 14.25 часот било пријавено дека на патот Битола- Ресен, пред Ротинска крстосница, А.З.(29) од Битола која управувала патничко возило „сеат ибица“, со битолски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од коловозот.

Во незгодата А.З. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави