Search

Битолчани имаат рецепт како да го победат Кадетен Шафхаузен

Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер вечерва (18.45 ч.) ќе се обидат да дојдат до првата победа сезонава на меѓународната клупска сцена во Европската лига, на гостински терен кај швајцарскиот Кадетен Шафхаузен. Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер на евро-цената стартуваше со од Ним (21-26). Кадетен Шафхаузен им е стар должник и шанса е за битолчани да го поправат впечатокот и да ја вратат самодовербата. Во меѓусебниот скор со  вечерашниот противник досега имаат едно реми и еден пораз.

Тренерот на битолчани, хрбатскиот стратег Жељко Бабиќ верува дека по разочарувачкиот настап против Ним, неговите ракометари може да се вратат од гостувањето во Швајцарија со ппобеда.

-Нашиот противник има силен тим, кој трча многу и игра цврста одбрана. Сигурно дека играме против сериозен противник против кого верувам дека ќе победиме. Ова ќе биде меч на кој можеме да победиме. Немаме што да менуваме. Јосип Периќ ќе започне од првата минута. Сè друго е речиси исто. Мора да одиграме добра одбрана, а ако сакаме победа, мора да бидеме далеку попрецизни во напад, вели Бабиќ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави