Search

Битолчанец платил 15.500 евра за трактор на германска фирма која не постои

На 25.03.2019 во 10.30 часот во СВР Битола, Т.Ж.(43) од Битола, управител во приватна фирма од село Трн, битолско, пријавил дека бил измамен при набавка на трактор.

Според пријавеното, тој по претходен договор со германска фирма за набавка на половен трактор, на  сметка на фирма од Риека, Република Хрватска уплатил 15.500 евра. Кога испратил камион во Германија за транспорт на тракторот, увидел дека на наведената адреса не постои таква фирма.

За настанот бил известен јавен обвнител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави