Search

Битолчанец ограбувал апартмани во Охрид, девојка му чувала стража

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С.(27) од Битола поради постоење основи за сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, три дела „тешка кражба“ и две кривични дела „тешка кражба во обид“, против С.С.(49) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „помагање“ и против Ѓ.Б.(47) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „поттикнување“.

Во периодот од 11 август до 9 септември 2019, пријавениот одземал пари ,мобилни телефони и други вредни предмети од куќи и апартмани во Охрид. За време на извршувањето на кражбите, второпријавената С.С. вршела обезбедување и набљудување на просторот околу куќите, додека третопријавениот Ѓ.Б. со возило ги превезувал и ги чекал на договорени места.

Треба да знаете
Последни објави