Search

Битолчанец ловел диви свињи, па го погодил пријателот

На 08.09.2019 околу 22,30 часот во СВР Битола било пријавено дека во битолското село Габалавци, на место викано „Бакици-нива“, Р.М.(38) од Габалавци заедно со Љ.Н.(56) и Г.А.(33), двајцата од село Логоварди се упатиле кон нива сопственост на домаќинот.

Љ.Н. со себе понел и ловечка пушка, за која поседувал дозвола со цел да лови диви свињи. Кога стигнале на местото Г.А. останал во автомобилот на Р.М., кој со Љ.Н. се упатиле кон нивата. При што околу 23 часот, Љ.Н. од невнимание испукал кон Р.М., кој бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од  СВР Битола.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави