Search

Битолскиот и Софискиот Универзитет заедно го празнуваат Свети Климент Охридски

Софискиот и Битолскиот Универзитет денеска во рамки на заедничкото празнување на Свети Климент Охридски ја започнаа заедничката научна конференција на тема „Димензиите на компетенциите“ која ja отворија министерката за образование и наука, Мила Царовска, заменик-министерот за образование, Тања Михајлова, Ректорот на Софискиот Универзитет проф. д-р Анастас Герджиков и Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола проф.д-р Марјан Ѓуровски. На Конференцијата учество земаат професори од двете земји со трудови и истражувања, конференцијата на крајот ќе резултира со издавање заеднички зборник на трудови за што е формиран заеднички научен, програмски и организациски комитет.

Во своето обраќање на свеченото отворање министерката за образовани и наука Мила Царовска поздравувајќи го заедничкото празнување на Свети Климент Охридски нагласи дека „Добар знак за нас и нашите две Универзитети е што во духот на европските вредности за партнерство, за поврзување, низ еден нов академски дискурс тежиштето го ставаме на квалитетна меѓусебна соработка со фокус кон размена на студенти, кадри, споделување искуства, знаења, вештини односно обезбедување цврста поврзаност на сите институционални но и индивидуални членови на нашите две академски заедници“.

Според Царовска, критериумите треба бидат насочени кон знаење, успех, професионалност, стручност, одговорност и компетентност, кон квалитет и примена на европски стандарди.

Преку одржувањето на заедничката меѓународна конференција и заедничкото празнување на Свети Климент Охридски, проректорот Ѓуровски истакна дека – универзитетите го заземаат водечкото односно повеќе предводничкото, авангардно место во општеството и во оваа смисла отвореноста и доостапноста не треба да бидат само празни флоскули туку наш вистински “Modus Vivendi” со цел да можеме да ги привлечеме сите оние кои имаат желба да ни го доверат своето образование, своето усовршување, сите оние што со своите интелектуални и морални кавалитети, со својата стручност сакаат да придонесат кон побрз развиток на високото образование, на науката, во амбиент на автономни универзитети каде основната претпоставка е академската слобода, индивидуалното надградување и потврдување на способностите и квалитетот. Токму Софискиот и Битолскиот Универзитет преку заедничкото празнување на Свети Климент Охридски се предводници со кои го заземаат авангардното место во општеството што претставува наша должност како академска заедница, нагласи проректорот Ѓуровски.

„Интензивирањето на академската соработка и заедничкото празнување на Свети Климент Охридски е во духот на европските вредности и придонесува за зајакнување на добрососедските односи„ истакна проректорот професор Ѓуровски. Меѓу другото додеде дека „Двата Универзитети носејќи го името на заедничкиот патрон и преку негово заедничко празнување сме предвесници на новото време на надоградување на меѓусебната соработка, разбирање и градење на заедничките вредности. Заедничкото празнување на Свети Климент Охридски за двата универзитети претставува повод и одлична можност до академската јавност да се испратат пораки што ќе значат поттик за интензивирање на меѓусебната соработка“, рече тој.

Според професорот Ѓуровски „Зближувањето преку образованието, науката, креирањето позитивна клима е поволен концепт за поголема поврзаност преку размена на знаења, искуства, но и размена на млади, студенти и универзитетски кадри што е еден од меѓусебно усогласените приоритети за време на самитот на Берлинскиот процес во Софија на којшто двете земји беа во улога на домаќини“.

Треба да знаете
Последни објави