Search

Битолската библиотека избира најдобра фотографија на тема „Книгата и зимата“

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски” – Битола објави повик за избор на најдобра фотографија на тема „Книгата и зимата”.

Од Битолската библиотеката информираат дека најдобрата фотографија ќе биде наградена со книга.

-Нашата немера беше на нашите читатели да им понудиме дополнителни креативни зимски денови, посебно на учениците кои се на распуст. Изборот на најдобрата фотографија на тема „Книгата и зимата” ќе го извршиме на 21 јануари, а до тогаш има време за испраќање на фотографии на адреса на библиотеката, посочија од тамошната национална установа

Треба да знаете
Последни објави