Search

Битола во следните 10 години ќе отплаќа кредит од над 2 и пол милиона евра

Општина Битола деновиве ја отплати втората рата во износ од 7.866.783 денари од кредитот земен од Светската банка, информираат општинските власти.

„Кредитот, со кој претходната локална самоуправа и тогашниот градоначалник ја задолжија Општината, а со тоа и граѓаните, е во износ од 155.883.097 денари, односно над 2,5 милиона евра“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека со исплатата на втората рата Општината, покрај тековните обврски, успеала да исплати вкупно 15.707.406 денари или над 253.300 евра.

Според процените на градската управа, граѓаните на Битола во наредните 10 години ќе треба да го враќаат кредитот од Светската банка.

Треба да знаете
Последни објави