Search

„Битлси“ се вратија во британските Топ 40 по документарецот на Питер Џексон

Албумот Let It Be на „Битли“ скокна во Топ-40 хитови во Обединетото Кралство (UK Top 40) по објавувањето на документарната мини-серија на Питер Џексон, насловена Get Back.

Седумчасовната серија од три дела, која почна да се емитува на „Дизни плус“ во ноември, моментално ја уживаат фановите кои ги пофалија согледувањата на Џексон за култниот бенд.

„Дојдов мислејќи за нив како пристојни, разумни момци“, изјави Џексон за британски „Индепендент“ за своите откритија додека го продуцираше документарецот.

„Имаат несогласувања, имаат различни амбиции. Но, нема его, нема примадона (однесување).“

Според најновиот извештај на „Билборд“, Let It Be оваа недела скокна од 62. на 22. место на листата за албуми во Обединетото Кралство.

Во својата рецензија со пет ѕвезди за The Independent, Ед Каминг документарецот го нарече ремек-дело.

„Тоа е споменик на Битлси, огромен и откривачки, кој делува како бедем против бескрајните книги и написи и брборења за нив. Документарната серија едноставно ги прикажува какви што биле“, напиша тој.

Треба да знаете
Последни објави