Search

Битиќи: Словенци зантересирани за купување на Македонска пошта

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека Словенци се заинтересирани за купување на Македонска пошта. Пред извесно време и вицепремиерот Артан Груби одговори потврдно на прашањето дали Словенци се заинтересирани за купување на Македонска пошта.

Тој рече дека во наредниот период СДСМ ќе раководи со Македонска пошта и дека се надева ќе се изнајде најдобро решение и дека ќе има добра понуда. Како што е познато, пред повеќе години, за купување на пошта беше заинтересирана и Канадска пошта, но потоа преговорите пропаднаа. Инаку Пошта е во незавидна ситуација особено сега и поради затворањето на Еуростандард банка. Друштвото тоне и генерира загуби. Ејуп Рустеми, првиот човек на компанијата за тврдеше дека вработените земаат редовни плати. Сепак, вели оти со здравствената криза се случил огромен пад на приходите на поштенските услуги, и во домашниот, а особено во меѓународниот поштенски сообраќај. Во првата половина од годината друштвото има загуба од 52,5 милиони денари или над 850 илјади евра.

Треба да знаете
Последни објави