Search

Битиќи: Следува ребаланс на Буџетот и економски мерки за граѓаните кои имаат најголема потреба од нив

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на Телевизија 24 најави ребаланс на државниот буџет и нов пакет на мерки за справување со економските последици од пандемијата на корона вирусот.
Во однос на прашањето околу дополнително задолжување на државата, Битиќи истакна дека тоа нема да биде проблем доколку средствата бидат потрошени паметно и продуктивно.
“Јас кажав и ќе продолжам да укажувам дека задолжувањето не е прашање кое што треба толку да го апсорбираме. Не е проблемот во процентуалното задолжување на државата, клучното прашање е, дали со задолжувањето ќе ги решаваме проблемите на граѓаните и како средствата ќе се алоцираат токму на оние граѓани кои што имаат најголема потреба од нив. Проблемот би бил доколку се задолжиме и средствата ги искористиме за непродуктивни и неефикасни трошења, како што можевме да видиме во изминатите 15 -16 години”, посочи вицепремиерот Битиќи.
Треба да знаете
Последни објави