Search

Битиќи: СДСМ исплати 340 милиони ерва субвенции и финансиска поддршка за земјоделството, ВМРО-ДПМНЕ остави долг кон земјоделците од 150 милиони евра

СДСМ за  две и пол години исплати 340 милиони евра за субвенции и за финансиска поддршка во земјоделството, ги плати тие 150 милиони евра што ВМРО-ДПМНЕ ги остави како долг за неисплатени, заостанати субвенции, истакна претседателот на комисијата за економија на СДСМ Фатмир Битиќи на граѓанската трибина под мотото „На прав пат” во Велес.
Над 430 млади земјоделци добија непорвратни средства од 10.000 евра за да започнат свој бизнис, оваа поддршка сега се зголемува двојно на 20.000 евра, а тука е и програмата за помош од 3.000 евра за жените од руралните краишта за започнување свој бизнис, рече Битиќи, додавајќи дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ му е важен секој граѓанин поединечно, без оглед каде живее, бидејќи секој граѓанин придонесува оваа држава да се движи напред.
СДСМ верува во концептот на враќање на парите кај граѓаните и затоа ја намаливме цената на струјата, ја укиниваме радиодифузната такса, го намаливме ДДВ-то за парно, казните, но и трошоците за катастар, извршители и нотари, го зголемивме прагот за ДДВ за малите и средни претпријатија, како и за физичките лица, расте минималната плата, растат платите во сите сектори, вклучително и во приватниот, социјалната помош тројно се зголеми и наместо во споменици, ние инвестираме во граѓаните, порача претседателот на комисијата за економија на СДСМ Фатмир Битиќи на граѓанската трибина под мотото „На прав пат” во Велес.

Треба да знаете
Последни објави