Search

Битиќи на граѓанска трибина во Велес: ВМРО-ДПМНЕ годишно градеше по 15 споменици, ние годишно отвораме нови 15.000 рабтни места

СДСМ верува во принциите на солидарност и концептот едно општество. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која не гласаше за Законот за минимална плата, ние веруваме во  концептот дека парите треба да се враќаат кај граѓните, порача претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ Фатмир Битиќи на граѓанската трибина „На прав пат” во Велес.

Битиќи истакна дека токму Меѓунардониот монетарен фонд, го пофалило зголемувањето на платите затоа што тоа директно влијае на подобрување на животот на сите граѓани. Затоа што верваме дека тие заслужуваат и се приоритет затоа то тие ги градат следните генерации.оја година.

Стапката на невработенст, порача Битиќи е на историски 17,5 отсто. Тоа не се само проценти, тоа во реалноста значи дека ако ВМРО-ДПМНЕ градеа по 15 споменици годишно, ние отвораме по 15.000 рабтни места секоја година.

Минималната плата ја зголемуваме на 14.500 денари. Тоа е за дури 5.500 денари или 60 отсто повеќе од претходно кога таа изнесуваше 9.000 денари. Растот на минималната плата повлече спирала на раст на просечната плата. Просечната плата за само две години порасна за над 2.200 денари. Тоа е затоа што растат платите во сите сектори, вклучително и во приватниот, посочи Битиќи

За две и пол години просечната плата во основното и средното образование порасна за 2.100 денари, а во високото за 3.200 денари и тоа ќе продолжи. Затоа што тие се приорите бидејќи тие ги градат следните генерации, порача Битиќи.

 

Треба да знаете
Последни објави