Search

Битиќи: Наша примарна цел во најкритичните три месеци беше да ги зачуваме работните места и да ја одржиме ликвидноста на компаниите

Наша примарна цел во најкритичните три месеци од кризата (април, мај и јуни), беше да ги зачуваме работните места и да ја одржиме ликвидноста на компаниите.
Во овие месеци вбризгавме 79,5 милиони евра за исплата минимална плата од 14.500 денари за просечно 116.739 работници во 19.322 компании во секој од наведените месеци.
Не ги заборавивме ниту самостојните вршители на дејност, кои ги поддржавме со вкупно 4,17 милиони евра, а просечно во секој месец беа поддржано 5.892 компании.
Продолжуваме со поддршката за зачувување на секое едно работно место, бидејќи зад секое стои реален човек.

Треба да знаете
Последни објави