Search

Битиќи: Знаеме како да ги зачуваме работните места и во време на пандемија

„Политиките кои ги води СДСМ даваат успех затоа што се засноваат на човечкиот капитал и на креирање нови работни места и затоа имаме рекордна намаленост на невработеноста, на 16,3 отсто, и секако тенденција беше да продолжи тоа намалување. Но, во време на пандемијата први на удар се работните места. Ние докажавме дека и во време на пандемија може да се зачуваат работните места и дека нема да се посегне одма по намалување на платите за работниците. Споредбено, кај нас има најмалку отпуштени работници во споредба со државите од регионот.“- изјави Фатмир Битиќи, претседател на комисијата за финансии во СДСМ и економски владин советник во вестите на Сител.

Тој нагласи дека и во изборната програма на СДСМ во фокусот останува човечкиот капитал и креирањето модерна економија.

„Во изборната прогама сме посветени на човечкиот капитал, развојот, третирањето на човечките ресурси, тоа е модерна економија, и затоа за нас е битно секое работно место да остане, но и достоинствено да биде платено за продуктивноста и ефикасноста. Затоа нашите мерки поредвидуваат зголемување за 30 отсто на просечната плата, значи таа ќе оди до 34 000 денари, исто и на минималната плата која од 14 500 сега ќе оди на 20 000 денари, но со реална поддршка на стопанството, затоа што само така стопанството ќе може да се развива.“- пренесе Битиќи делови од изборната програма на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави