Search

Биографијата на режисерот оскаровец Мајк Николс открива дека земал дрога

Нова книга за покојниот режисер Мајк Николс тврди дека срцевиот удар што го претрпел во 1986 година се должел на злоупотреба на повеќе дроги, вклучувајќи и крек.

Во „Мајк Николс: Животот“, авторот Марк Харис пишува дека режисерот на култниот „Дипломец“ користел кокаин редовно веќе некое време и дека е познато дека користи и крек“, се наведува во пасус објавен во „Њујорк магазин“.

Авторот на биографијата тврди дека кокаинот бил многу присутен меѓу пријателите на Николс, и дека режисерот на филмови како што се „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Разгледниците од работ“, „Птичјиот кафез“, „Во врска со Хенри“, како и Бродвејските верзии на „Босоног во паркот“ и „Смртта на трговскиот патник“ подоцна признал дека дрогата придонела за срцевиот удар.

Треба да знаете
Последни објави