Search

Бинифер втор дел почнал со љубовни писма на релација Доминикана – Бостон

Бен Афлек и Џенифер Лопез не ја разгореле нивната романса во последниве неколку недели, туку таа се градела уште од февруари, кога почнал да ја преплавува со мејлови додека Џеј Ло снимаше филм во Доминиканската Република.

Извори блиски до Бен и Џенифер изјавија за „ТМЗ“ дека тие имале редовни контакти преку е-пошта од почетокот на февруари, откако Џенифер одлета на Карибите на снимање на Gunshot Wedding. „Ни кажаа дека тонот на мејловите не бил само пријателски … туку полн со љубов и копнеж за Џенифер,“ пренесува порталот.

На пример, откако видел фотографии од Џенифер во Доминикана, тој ѝ напишал за да и каже колку убаво изгледа и колку посакува да може да биде таму со неа. Се разбира, тој беше зафатен во тоа време во Бостон, снимајќи го филмот The Tender Bar со Џорџ Клуни – и таа сè уште беше свршена за Алекс Родригез.

Изворите на ТМЗ велат дека Џеј Ло му возвратила на мејловите дека многу ѝ годи неговото пишување. Нејзината реакција била: „Ти, со твоето пенкало, можеш да го поседуваш моето срце.“

Тие продолжиле да комуницираат со мејлови додека траело снимањето на филмот до крајот на април.

Според истите извори, во тоа време немало физички контакт или рандевуа меѓу нив, но е-поштата додава контекст на тоа како навидум ја обновија врската толку брзо.

„Сетете се, тие беа заедно во Лос Анџелес јавно првиот викенд во мај, само две недели откако Џенифер и Алекс ја раскинаа свршувачката,“ потсетува порталот.

Иако се чинеше дека старо-новата врска на Бен и Џенифер или „Бенифер – втор дел“ се разви од 0 до 100 за рекордно време, по е-поштата се гледа дека поминале најмалку два месеци пред да почнат да се гледаат.

Треба да знаете
Последни објави