Search

Бил Гејтс позитивен на коронавирусот

Еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс е позитивен на коронавирусот.

Не е јасно дали Гејтс, кој досега донираше милиони за борба против пандемијата, првпат е позитивен на Ковид-19.

66-годишниот Гејтс на Твитер објави дека се изолирал со благи симптоми и оти примил и засилувачка доза од вакцината. Тој, исто така, рече дека виртуелно ќе учествува на состанок со луѓе од неговата фондација.

Ко-основачот на Мајкрософт и мултимилијардерот Гејтс минатата недела објави книга со наслов „Како да се спречи следната пандемија” во која објасни како земјите можат да направат координирани напори за спречување на пандемии и „елиминирање на сите респираторни заболувања”.

Тој отворено зборуваше за тоа како глобалните здравствени власти треба да одговорат на пандемијата и да дистрибуираат вакцини. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс соопшти дека донирала милиони на организации вклучувајќи ги Гави и Светската здравствена организација за финансирање на тестирање, третман и дистрибуција на вакцини.

Во јануари, Гејтс на Твитер напиша дека коронавирусот, „штом Омикрон ќе помине низ земјата, ќе може да се третира повеќе како сезонски грип”.

Треба да знаете
Последни објави