Search

Бил Гејтс ги повика Авганистан и Пакистан да ги зголемат напорите во борбата против полио

Локалните авганистански талибански лидери ги попречуваат глобалните напори за ставање крај на полио, но Авганистан и Пакистан мора да ја продолжат својата борба и да дојдат до нула случаи, изјави филантропот Бил Гејтс.

Во интервју за Ројтерс, Гејтс изрази оптимизам во врска со глобалниот план за искоренување на парализирачката вирусна болест, но рече дека конфликтите во Авганистан и борбата за моќ го попречуваат напредокот.

„Најголемиот проблем е секогаш со Талибанците“, рече Гејтс, чија фондација „Бил и Мелинда Гејтс“ е една од најголемите финансиери на кампањата за искоренување на полио.

Најновите податоци за иницијативата за глобално уништување на полио (ИПЕИ) покажуваат дека во светот имало 33 случаи на детска парализа во 2018 година, а шест досега во 2019 година – 16 од нив во Пакистан и 23 во Авганистан. Овие две, плус Нигерија, се последните преостанати земји каде болеста е ендемична.

Најновите статистики од Глобалната иницијатива за искоренува на полио (ГПЕИ) покажуваат дека на светско ниво се регистрирани 39 случаи на полио – 16 во Пакистан и 23 во Авганистан. Овие две земји, заедно со Нигерија, се единствените каде што оваа болест е ендемична.

ГПЕИ, во која спаѓаат Светската здравствена организација, фондацијата „Гејтс“, Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и други, започна со своите напори да ја елиминира болеста во 1988 година, кога истата беше ендемична во 125 земји и парализираше речиси 1.000 деца дневно во светот.

Оттогаш, бројот на случаи е намален за над 99%. Но, целосното искоренување на болеста е многу потешко. Гејтс додаде дека програмата за борба против полио во Пакистан постигнува значителен напредок, а единствената закана доаѓа од нестабилноста во Авганистан, каде што талибанските водачи често одлучуваат да не дозволат вакцинација против болеста.

Гејтс ја посочи и Индија, каде што пред 12 години беа регистрирани 70 отсто од сите случаи на полио во светот, а денес слави пет години од последниот забележан случај.

Треба да знаете
Последни објави