Search

Били Портер на доделувањето на наградите Еми носеше костум со повеќе од 100.000 кристали

Американскиот актер Били Портер (50) на доделувањето на наградите Еми се појави во костум со повеќе од 100.000 кристали, и ги изненади сите со својот победнички говор.

Били освои „Еми“ во категоријата најдобар актер во драмската серија „Pray Tell“, а во обраќањето Портер истакна дека тој е првиот хомосексуалец со темна кожа што победил во оваа категорија.

„Ви благодарам на сите. Пред неколку години, не можеше да се замисли дека еден хомосексуалец со темна кожа ќе победи како најдобар актер во драмска серија. Денес, јас сум жив доказ дека тоа е можно. Прекрасно е кога тие ја препознаваат вашата напорна работа и ве наградуваат за тоа. Треба отворено да разговараме за тоа. Знам како луѓето гледаат на оние кои се црни и геј. Цело време сум во таква ситуација. Ми беше тешко“, рече актерот кога му беше врачена оваа престижна награда.

Портер привлече големо внимание со костумот со повеќе од 100.000 кристали направен од американскиот дизајнер Мајкл Корс (60) и екстравагантната шапка од Стивен Џонс (62). Били носеше црни чевли со потпетица, а ноктите му беа сребрени.

„Ја сакам оваа облека и се чувствувам како вистинска дива. Ви благодарам на сите“, рече Портер.

Треба да знаете
Последни објави