Search

Били Ајлиш ги повика луѓето да не јадат мисирка овој Ден на благодарноста

Били Ајлиш ги повика луѓето да не јадат мисирка на Денот на благодарноста.

19-годишната пејачка го прослави годишниот американски празник, кој се слави последниот четврток во ноември, но ги замоли другите да се откажат од традицијата да јадат мисирка за вечера во корист на вегетаријанска алтернатива.

Таа напиша на Инстаграм: „Мисирките се едни од најнежните суштества на светот. А 46 милиони од нив се убиваат на секој Ден на благодарноста.“

„Знам дека е тешко да се сменат традициите, но само имајте го ова на ум“.

На почетокот на овој месец, младата хитмејкерка (Bad Guy) им се придружи на други познати личности како Хоакин Феникс, Рики Џервејс, Дејв Батиста и Маргарет Чо во потпишувањето петиција со која се бара од претседателот Џо Бајден оваа година да иницира помилување на мисирките со цел да останат во засолниште на фарма.

Треба да знаете
Последни објави