Search

Билиќ го презема Олимпијакос, се чека потпис и од Барди

Хрватската легенда Славен Билиќ, членот на „бронзената генерација“ од СП 1998 наскоро би можел да започне нова работа во Грција. Според пишувањата на локалните медиуми, поранешниот тренер на Локомотив, Бешикташ, Хајдук, Вест Хем и Вест Бромвич Албион е кандидат за тренерското столче на Олимпијакос.

Клубот од Пиреја реши да ја прекине соработката со Педро Мартинс по дебаклот во квалификациите за Лигата на шампионите. Екипата на Макаби од Хаифа славеше над грчкиот гигант со 4-0 среде Атина и го испрати Олимпијакос во Лига Европа.

Како што стојат работите Билиќ е во пол-позиција, а челниците на атинскиот клуб стапиле во контакт со уште двајца тренери, Карлос Коберан и Хавиер Каљех.

Предноста за Билиќ доколку ја прифати работата во Грција е што таму веќе има добро познато лице, хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко. Исто така од Шпанија доаѓа информација дека Олимпијакос е во преговори со Леванте за потписот на македонскиот репрезентативец, Енис Барди.

Наводно, клубот од Валенсија ја прифати понудата од 3.5 милиони евра, па сега се чека на конечна одлука на нашиот офанзивец.

Треба да знаете
Последни објави