Search

„Билд”: Чешката полиција препорачува обвинение против премиерот

Јамката околу вратот на чешкиот премиер и милијардер Андреј Бабиш се затега, пишува германскиот весник „Билд”, појаснувајќи дека полицијата препорачува против него да биде поднесено обвинение за измама.

Според весникот, основачот на десничарската Акција на незадоволни граѓани (АНО) се соочува со обвинение за злоупотреба на средства од европските фондови, а во вредност од околу два милиони евра. Бабиш ги демантира таквите тврдења и обвинува за „заговор” против него.

Бабиш се соочува со обвиненија дека пред десетина години злоупотребувал средства за субвенции од ЕУ наменети за негова фарма, чија сопственост ја префрлил на членови на семејството, меѓу кои и на синот, кој има ментално заболување. Целта, наводно, била да ги земе субвенциите од ЕУ кои биле наменети за мали и средни претпријатија.

Притисокот врз Бабиш се засили откако интернет порталот „Сезнам зправи” објави снимена изјава на синот на Бабиш, Андреј Бабиш Помладиот, кој живее во Швајцарија, заедно со неговата мајка и поранешна сопруга на чешкиот премиер. Во изјавата, веројатно снимена со скриена камера, Бабиш Помалдиот вели дека бил натеран да замине на полуостровот Крим, со цел да не биде повикан како сведок во истрагата што се води против неговиот татко. Тој тврди дека на Крим го одвел човек, кој бил сопруг на психијатарот која го прегледала и кој бил советник на неговиот татко во времето кога
чешкиот премиер беше министер за финансии. Според Бабиш Помладиот, неговото префрлање на Крим било по идеја на татко му.

По ваквите сознанија следуваа протести со барање за негова оставка, а минатогодинешното гласање за недоверба – не успеа.

Треба да знаете
Последни објави