Search

Билд пушти нови „бомби“ како Рама купувал гласови во Дебар

Германскиот весник „БИЛД“, вчера објави 10 нови аудио-снимки од прислушани разговори во врска со досието за купување гласови во Дебар, Албанија, во изборите од 2017 година.

Во прислушкувањата се појавуваат битни политички фигури на Социјалистичката партија на Албанија, кои зборуваат со Имер Лала, кого БИЛД го смета за еден од мафијашките босови, кој им помагал на социјалистите да купуваат гласови во градот Дебар, пренесува „Газета Експрес“.

Серијата прислушкувања започнуваат со шефот на полицијата во Дебар, Роберт Ага, кој зборува со еден друг „донатор“ на Социјалистичката партија како и со Дамјан Ѓикнур за неговиот план за купопродажба на гласови. Тој му ветува на поранешниот министер дека ќе имаат повеќе од илјада гласови плус, во споредба со противниците од Демократската партија.

Во последното прислушкување објавено од „БИЛД“, Имер Лала, кој од весникот се смета како „лорд на мафијата“, и вели на сопругата дека бил во „големата канцеларија“ (што асоцира на канцеларијата на Еди Рама) и дека имал средба со „Големиот татко“.

Треба да знаете
Последни објави