Search

„Билд”: Дали германски лекар пронашол „добитна комбинација” за лекување заразени со Ковид-19

Американски лекар кој лекува пациенти заразени со Ковид-19 во Монро веќе три недели е многу успешен во ова и нема смртни случаи, бидејќи користи комбинација на повеќе лекови, пренесува германскиот весник „Билд”.

Станува збор за доктор, Владимир Зев Зеленко, кој се грижи за околу 1.000 заразени лица, од кои никој не починал, а само три лица морале да одат на респиратор.

Зеленко користи третман со неколку лекови во третманот, пренесува „Билд”.

„Ги разгледав податоците од Јужна Кореја и Франција и така дојдов до комбинација на лекови”, објасни тој за германскиот весник.

Неговиот рецепт е микс од лекови, претставен со отворено писмо, на кое реагираше претседателот Доналд Трамп.

Според неговиот метод на лекување, пет дена пациентите користат лекови со хидроксихлорохин, заедно со азитромицин и цинк сулфат.

Проблемот е во тоа што ефикасноста и несаканите ефекти на оваа комбинација не се опфатени со студијата.

„Пациентите немаат треска, проблеми со срцето или други несакани ефекти. Тие само зборуваат за слаба дијареја”, рече Зеленко за „Билд”.

Треба да знаете
Последни објави