Search

Била најголемата љубов на Мик Џегер, изгледале како совршен пар, но – болеста ѝ пресудила

Легендарниот пејач Мик Џегер долги години ја сакал модната дизајнерка Лорен Скот, сè до нејзината смрт во 2014 година.

Лорен и Мик ја започнале врската во 2001 година, а јавно го обелодениле тоа две години подоцна. Тие биле многи специфичен пар со самата појава – Лорен имено била 10 центиметри повисока од Мик кој што своевремено ѝ се заблагодарил што престанала да носи потпетици откако е заедно со него.

Како што зборуваат нивните пријатели и познаници, двајцата обожавале да бидат заедно и имале иста смисла за хумор. Почнале да живеат заеедно во 2007 година во вила во Лондон, но патувале насекаде низ светот. Нејзината мајка еднаш изјавила дека мисли дека Мик ја обожува Лорен баш поради тоа што „секогаш е само своја и не се вклопува во ниту еден стереотип“.

Сепак, и покрај љубовта, патувањата и заеднички погледи на светот, ниту нивната љубовна приказна не поминала без турбуленции.

Лорен во последните години од животот се борела со депресија, а на крајот таа сама си пресудила. Нејзиното безживотно тело го пронашла асистентката во стан во Менхетен во 2014 година, а имала 49 години.

„Се обидувам себеси да си објаснам поради што мојата најдобра пријателка и љубовница си го одзеде животот на таков трагичен начин. Поминавме преубави години заедно и имавме прекрасен живот. Никогаш нема да ја заборавам“, изјавил Џегер по нејзината смрт.

Преземено од Точка

Треба да знаете
Последни објави