Search

Била „во канџите“ на дрогата, алкохолот и депресијата… Денес ќерката на Деми Мур и Брус Вилис ги воодушевува сите

Талула Вилис (26), најмладата од трите ќерки на некогашните сопружници Деми Мур и Брус Вилис, уште како девојче на своја кожа почувствувала што значи да се биде ќерка на славни родители.

Имено, таа поминала низ медиумска тортура кога имала само 13 години, а прогласена беше за најгрда личност на целиот свет.

„Ме прашаа како е можно покрај такви родители да изгледам толку грдо“, открила своевремено таа во интервју.

„Моментот кој што сè преврте наопаку беше во една хотелска соба во Њујорк кога имав 13 години. Читав коментари на една своја фотографија која што беше објавена на интернет и едноставно се ‘скршив’“, изјавила таа за американскиот магазин „Teen Vogue“.

„Тогаш помислив дека сум одвратна и непривлечна. Не бев ниту малку привлечна“, изјавила Талула и додала дека на неа директно не влијаеле сајбер насилниците на кои што константно била изложена туку самата себе си била најголем критичар.

Но, со текот на годините се зголемило и нивото на самодоверба кај неа.

Денеска 26-годишната Талула на социјалната мрежа Инстаграм споделува сексапилни фотографии со кои што ги собира симпатиите на јавноста.

Инаку, таа со години била зависник од дрога и алкохол, а најмногу консумирала кокаин поради што одреден период била и во центар на сите медиуми. На 17 години ја поврзале со скандал во кој што била уапсена поради поседување дрога.

Исто така се пишувало и за нејзината емоционална нестабилност, а сето тоа се поврзувало со славата на нејзините родители.

Таа пред неколку години успешно ја завршила шестнеделната програма за одвикнување од дрога и алкохол во еден центар во Аризона.

Треба да знаете
Последни објави