Search

Биковиќ во втората сезона на хит серијата „Јужен ветер“ ќе глуми со една од најубавите актерки на светот

Моника Белучи и Вилијам Болдвин му се приклучуваат на добро познатиот тим во втората сезона на хит серијата „Јужен ветер“.

Една од најубавите жени на светот и славниот холивудски заводник напролет ќе глумат во акциониот трилер во режија на Милош Аврамовиќ.

Monika BelučiПокрај Моника и Вилијам, ќе ги видиме и американскиот актер Мајкл Медсен, кој публиката го памети од филмовите „Убиј го Бил“ и „Улични кучиња“.

– Исклучително ми е драго што Вилијам Болдвин и Мајкл Медсен ќе бидат дел од серијата ‘Јужен ветер’. Ова е првпат по долги години толку големи и признати холивудски ѕвезди да учествуваат во некој домашен проект. Соработката со нив е првиот чекор кон тоа да биде сосема нормално во иднина светските ѕвезди да се појавуваат во нашите серии и филмови“, изјави режисерот Милош Аврамовиќ за домашните медиуми.

Милош Биковиќ, кој во серијата и филмот го игра главниот лик Петар Марас, за „Информер“ открива дека во тимот доаѓа засилување и од Русија.

-Во втората сезона од серијата ќе се појават и руски ѕвезди. Наскоро ќе дознаеме кои актери ќе учествуваат во овој проект и ќе го направиме уште подобар и поголем“, истакна Биковиќ.

 

 

Треба да знаете
Последни објави