Search

Бизнисмени од Нусајбин заинтересирани за соработка со македонски фирми

Бизнисмени од Нусајбин, Турција, в среда, 19 јуни, доаѓаат во Скопје. Ќе учествуваат на деловен форум што го организира Стопанската комора Македонија -Турција (МАТТО).

На форумот се предвидени Б2Б средби и воспоставување соработка. Турските компании од Нусајбин, провинција што граничи со Сирија, се заинтересирани за партнерства со наши фирми.

-Земјава ќе ја посетат компании од повеќе области: градежништво, прехранбена индустрија, трговија, текстил, мебел, земјоделство,… Тие се заинтересирани за соработка и воспоставување партнерства со наши, македонски фирми. Денешната економија на Нусајбин е поврзана со стопанските активности и трговијата во Сирија. Но, Нусајбин е исто така и трговски и административен центар за локалното земјоделство, велат од МАТТО.

Деловниот форум во Скопје е поддржан од Стопанската и индустриска комора на Нусајбин.

До крајот на месецов, МАТТО најавува уште една делегација, од Амасија, црноморски регион. Во оваа  делегација ќе доминираат компании од прехранбената индустрија. 

Треба да знаете
Последни објави