Search

Бизарно обложување на двајца покераши за 100.000 долари

Бизарно обложување на двајца покераши за 100.000 долари

Покерашот Рич Алати на 21 ноември влегол во темната соба во Лас Вегас и оттогаш го нема видено сонцето и таму треба да остане еден месец.

Коцкарот, кој заработи повеќе од 330.000 долари на турнирите во САД, се наоѓа среде своето најстрашно обложување досега. Во моментот е во бања во непознат стан само со кревет и када.

Тоа е дел од обложувањето со Австралиецот Рори Јанг, неговиот пријател покераш. Секој од нив има вложено 100.000 долари во она што на покерашката (и спортската) сцена е познато како проп бет (proposition bet), договорен облог кој е дизајниран да ја тестира менталната сила на играчите кога тие не се на маса.

„Условите се целосна темница, нема електронски уреди, нема уреди што емитуваат светлина, нема никакви дроги“, рече Јанг. „Дозволено му е да јаде сè што ќе посака, внатре има кревет, туш и када, а има и многу луксузни козметички средства“.

За да го збуни Алати, Јанг се погрижил храната да му биде испорачана во неправилни временски интервали за да му биде потешко да следи колку време поминало.

Но, не е сè толку црно. Јанг му дозволил пристап до која било храна што ја сака во текот на тие месеци. На неговото семејство и пријателите им дале „лајвстрим“, каде што може да проверат во каква состојба е, но целата комуникација со надворешниот свет му е забранета.

Јанг откри дека семејството на Алати се спротивставило на предизвикот, а особено сестра му. „Тие се обидоа да го одвратат, но тој не слуша никого, освен себе“, изјави Јанг за „Дедспин“ додавајќи дека сестрата на Алати била многу загрижена.

Алати мора да издржи уште 11 дена за да го добие облогот.

Треба да знаете
Последни објави