Search

Бигорскиот манастир со сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа

По повод трагичната сообраќајна несреќа што се случи кај селото Ласкарци, во која загинаа 14 лица, претежно млади луѓе од Гостивар и околните села, Бигорскиот манастир го изразува своето длабоко сочувство кон семејствата на жртвите, молејќи се за покој на нивните души.

-Нека милостивиот Бог снисходливо погледне на нив и нека ги прими во Своето Царство, а на нивните најблиски нека им испрати утеха и сили, за полесно да ја поднесат оваа за нив голема болка. Вечен им спомен!,- стои во сочувството објавено на веб сајтот на ова македоско древно светлиште.

Нашите молитви, стои понатаму, се упатен кон Бога за брзо закрепнување на повредените и што поскоро враќање во нивните домови меѓу своите најмили.

Треба да знаете
Последни објави