Search

БИБЛ: „Блокотехна“ го победи „Кожув“ со 20 разлика

Кошаркарите на „Блокотехна“ остварија убедлива победа од 77:57 (36:27) против „Кожув“ во дуел на македонските тимови во БИБЛ лигата.

Tимот на Марјан Илиевски одигра добар натпревар на двата краја од теренот, а вечерва посебно се истакнаа во одбраната, откако му дозволија на локалниот ривал да постигне едвај 57 поени.

Мијатовиќ беше најпрецизен на натпреварот со 27 поени, Главчев се истакна со 15. Кај „Кожув“ најефикасен денеска беше Луис со 15.

За „Блокотехна“ ова беше четврта победа во петтиот меч сезонава во регионалнаа лига, додека Кожува има пет порази во досега шест одиграни натпревари.

Следен меч за екипата на Илиевски е дуелот со „Берое“ на 22 јануари, додека „Кожув“ игра ден потоа на гости кај „Теута.

Треба да знаете
Последни објави