Search

Беџети: Заев ми вршеше притисок да влијаам на членови на Судски совет за да се смени претседател на суд

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети на денешната прес конференција рече дека премиерот, Зоран Заев, му вршел притисок да влијае на членови на Судскиот совет за да биде сменет еден претседател на суд.

Иако тема на прес конференцијата беа платформите на Матка, градоначалникот го поврза премиерот со овој случај со обвинување дека премиерот му се јавил на 17 јули и ургирал преку него смената на претседателот на еден суд да биде завршена до септември.

Како што рече Беџети, смета дека постапката што ја отвори Антикорупциска комисија против него е затоа што го одбил тоа барање на Заев.

-За мене таа комисија е корумпирана. Сигурен сум дека покренаа постапка против мене поради тоа што одбив да им кажувам на членови како да гласаат – рече Беџети.

Градоначалникот на Сарај најави кривична против претседателката и членовите на Антикорупциска.

На прашање зошто притисоците од премиерот не ги пријавил во МВР или Обвинителство, тој рече бидејќи до сега бил на одмор.

Треба да знаете
Последни објави