Search

Беќаровски: ОМИКРОНчето до 1 јануари ќе се претвори во вистинско микронче

Доктор Нико Беќаровски смета дека новиот сој на коронавирус кој сее паника во светот до крајот на годината ќе ја изгуби силата.

Тој на својот фејсбук профил ја објави својата прогноза и желба во водка со коронасојот омикрон.

ОМИКРОНчето кое деновиве прави МАКРО паника, до 1 јануари да/ЌЕ се претвори во вистинско микронче. (позаразно, ама О или МИКРО летално). Да си го оправда името”, напиша Беќаровски.

Тој додава дека секој ден се повеќе верува дека желбата ќе му се оствари.

Треба да знаете
Последни објави