Search

Бејл: Не слушам критики, луѓето незнаат што зборуваат

Герет Бејл ја даде својата прва јавна изјава по крајот на летниот трансфер прозорец. Велшкиот напаѓач беше на чекор од заминување, но на крајот остана во Реал Мадрид.

– Сега сум во добра форма. Да, во текот на летото не бев во таква. Помина цела недела со тренинзи и не можам да го дочекам утрешниот натпревар. Мора да победиме, рече Британецот пред утрешната средба меѓу Велс и Азербејџан.

Во однос на критиките кои доаѓаат од сите страни за неговиот настап во дресот на „белите”, тој вели дека не им обрнува внимание, бидејќи никој не знае што се случува внатре во клубот.

– Не ги слушам критиките затоа што луѓето не знаат што велат. Ништо не читав. Многу луѓе не ја знаат ситуацијата. Ја наведнав главата летово и работев напорно. Се зборуваше многу, добро и лошо. Работите што се случија остануваат во „кујната” на клубот. Меѓутоа, ако сакате одговори, прашајте го Реал Мадрид, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави