Search

Беше казнет, па прв се појавил на тренинг, половина час пред сите

Управата на Интер одлучи да го суспендира Раџа Наинголан со 100 илјади евра и еден натпревар забрана за настап.

Белгиецот беше суспендиран поради недисциплина, односно затоа што во изминатата седмица три пати задоцнил на тренинг.

Откако беше суспендиран, Наинголан сега се чини дека сериозно ја сфати ситуацијата, па на вчерашниот тренинг на Интер пристигнал половина час пред останатите.

Како што е познато, управата на Интер го казни Наинголан со забрана на настап на дуелот против Наполи, па ќе видиме дали летното засилување на „Нераѕурите“ ќе заигра во среда. Покрај тоа, се споменува и негова продажба во Кина во јануарскиот преоден рок.

Треба да знаете
Последни објави