Search

Бесплатен дезодоранс во виенското метро поради жештините

 За попријатно летно возење со виенското метро, градското сообраќајно претпријaтие деновиве на патниците ќе им подели над 14.000 бесплатни стик дезодоранси.

 

Подземната линија  на некои делници вози и над земјата, па вагоните многу брзо се загреваат. Засега само половина од возовите од таа линија се климатизирани, па престојот во останатите за многумина е прилично непријатен.

Додека трае обновувањето на опремата, и додека сите возови не бидат климатизрани, на патниците им се препорачува користење дезодоранс.

Главниот град на Австрија годинава прославува 40 години од пуштањето на подземната железница во употреба. Виенската мрежа денес има пет линии, 109 станици, а само во 2017 година се нотирани 450 милиони патници.

Треба да знаете
Последни објави