Search

Бесплатен агрегатор за туристички агенции и нивните понуди

Првиот агрегатор за туристички агенции „Кајак.мк” почна со  работа. Цел на проектот е да го олесни начинот на пребарување понуди за патувања до одредени дестинации, но и да помогне да се пронајдат превозници со редовни линии или за изнајмување превозни средства за приватни потреби. На сајтот http://www.kajak.mk се објавуваат и вести поврзани со туризмот, а на корисниците им се овозможува и директен разговор со лицата кои работат на проектот, кои може да им понудат корисни совети на посетителите.

Од „Кајак.мк” велат дека платформата започнала како пилот-верзија со цел да согледат што е тоа кое треба да трпи промени, но и да ги слушнат барањата на патниците кои постојано пребаруваат. Најважни за нив се мислењата и очекувањата од туристичките агенции.

Според нив, страницата е добро дизајнирана, но најавуваат дека во престојниот период ќе бидат вметнати нови и свежи алатки за поедноставување при пребарувањето или советувањето.

-Она што е од исклучителна важност за патниците е „Last minute” категорија, за која во моментов разгледуваме начин за имплементација во системот. Таа треба да биде ефикасна, брза и точна. Летото ни доаѓа, а со тоа доаѓа и доста работа. Не сакаме да ја изгубиме довербата на клиентите кои веќе стекнаа навики да пребаруваат исклучиво на Кајак, а според досегашната бројка на посетеност верувајте дека сме и повеќе од задоволни, велат од „Кајак.мк”.

Посочуваат дека „Кајак.мк” додаде и нова категорија наменета за превозниците, која, како што прецизираат, во моментов постепено се ажурира. На почетната страница, може да се најдат сите ново и свежо објавени понуди од сите туристички агенции, а воедно и да се пребаруваат понуди по дестинации.

На инстаграм и фејсбук профилот на „Кајак.мк” има и доста фотографии и видео записи од далечни дестинации, кои, како што велат од тимот, се објавуваат со цел да создадат поголем интерес за далечни патувања. 

Треба да знаете
Последни објави