Search

Бесими- Харгитаи: Брза имплементација на проектите за придвижување на растот

Заокружување на патната и железничката инфраструктура на Коридорот VIII и Коридорот X, изградба на магистрални гасоводи и инвестиции во системи за управување со цврст отпад, се клучните приоритети коишто ќе се реализираат со финансиска поддршка на ЕБОР. Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими и регионалниот директор на банката за Западен Балкан, Жужана Хaргитаи.

– Потребни ни се проекти што ќе го придвижат економскиот раст. Со изградбата на автопатот Скопје – Блаце и автопатската делница Кичево – Гостивар, ќе се заокружи патниот Коридор VIII и патниот Коридор XМеѓу идните проекти финансирани од ЕБОР се и рехабилитацијата на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII како и реконструкција на железничката линија Скопје – Кичево, а во енергетскиот дел магистралните гасоводи делницата Гостивар – Кичево и делницата Свети Николе – Велес, како и интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Косово. Овие проекти ни се приоритетни и мора да се реализираат, истакна министерот Бесими.

Директорката Хaргитаи рече дека мора да има приоритизација на проектите и дека истите мора да се имплементираат брзо. Таа нагласи дека важно им е да се реализираат започнатите инвестиции во патната, железничката и енергетската инфраструктура, да се направи приоритизацијата на нови инфраструктурни проекти и приватниот сектор да се вклучи во инфраструктурниот развој.

Треба да знаете
Последни објави