Search

Беса се заканува дека ќе оди во опозиција

Ако сите албански партии сакат да бидат дел од Владата, јас би лобирал со целосно убедување во политичкиот субјект каде што работам, движењето БЕСА и покрај фактот дека ние сме победници и обезбедивме мандат преку коалицијата „Можеме”, да се разгледа можноста со нашите пратеници да преминеме во опозиција, напиша Аријанит Хоџа, генерален секретар на Движењето Беса, во неделната колумна за весникот „Коха”.

Тој, воедно истакнува дека во согласност со одлуката на граѓанита, Албанците не смеат да останат без опозиција и оти тие мораат да имаат таква опција.

Треба да знаете
Последни објави