Search

БЕСА: Нихиу организира собири без дистанца и носење на маски, ДУИ е опасност за сите граѓани

Тој што треба да одржува ред, не само што не е добар пример, туку претставува ризик по здравјето на граѓаните, напиша Аднан Азизи, организативен секретар на Движењето БЕСА, притоа споделувајќи и неколку фотографии.

„Заменик министерот на МВР, Агим Нухиу, само за да ја исполни својата партиска агенда го загрозува здравјето на граѓаните со тоа што организира собири спротивно на препораките од здраствените институции за одржување на дистанца и носење маски. Кога оној кој треба да биде пример за почитување на препораките не ја завршува својата работа, нормално е дека граѓаните нема да ги сфатат сериозно здравствените препораки за одржување на растојанието и носење на маските. ДУИ веќе претставува опасност за сите граѓани, па време е тие да одат во опозиција, да се реформират, да се прочистат од криминалот и корупцијата во нивните редови. Ова ќе биде од корист за целата држава, граѓаните и за целото општество“, напиша Азизи на социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2646479698968358&id=100008190610189

Треба да знаете
Последни објави