Search

Беса ги повика гласачите да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците и обратно

Шефот на Изборниот штаб и генерален секретар на движењето БЕСА, Аријанит Хоџа најави дека во вториот круг од изборите неговата партија ќе ги поддржи сите кандидати од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива, додека од партијата на Села побара поддршка за Тетово и Желино.

„Анализирајќи ги најновите случувања на политичката сцена, како и старо-новата коалиција меѓу ДУИ и ДПА за вториот круг на локалните избори, се наметнува јасен став на движењето БЕСА против старите политики на овие две политички партии, кои без никаков принцип и против волјата на своите гласачи се принудени да соработуват само да се заштитат едни со други. Затоа, почитувајќи ги политичките принципи и потребата за промена на политичката сцена, ја изразуваме нашата подготвеност, но истовремено и апелираме во вториот круг на локалните избори сите гласачи на Движењето БЕСА да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците со што ќе помогнеме во политичкиот пораз на ДУИ и ДПА. Исто така бараме од Алијанса за Албанците реципрочно да ги повика своите гласачи да ги поддржаат кандидатите на Движењето БЕСА во Тетово и Желино. Време е за промени, политичката сцена во наредните години мора да се промени. Затоа сакаме заедно да ја водиме и да ја напаравиме ова промена“,објави Хоџа.

Тој додаде дека движењето БЕСА во контиунитет развива одржливи политики кои гарантират политичка стабилност во земјата и ја следат евроатланската насока на државата.

-На последните локални избори се докажа дека правилните политики на движењето БЕСА се поддржани од граѓаните и тие се во духот на градање на професионална политичка структура која со сигурни чекори ја гради новата политичка генерација на државата, нагласи Хоџа.

Треба да знаете
Последни објави